ФОТО: Македонски полицаец со дете бегалец на насловната на британски „Телеграф“

Фотографија со македонски полицаец со дете бегалец осамна денес на насловната на британски „Телеграф“.

Откако светската јавност остана шокирана од фотографиите на телото на дете бегалец исфрлено на брегот на Бодрум во Турција, британскиот весник Телеграф посвети текст токму на невините жртви на мигрантската криза, односно на децата бегалци.

Фотографгијата што го шокира светот: Телото на дете бегалец исфрлено на брегот на Бодрум во Турција
Фотографгијата што го шокира светот: Телото на дете бегалец исфрлено на брегот на Бодрум во Турција

На насловната страна на весникот денес осамна фотографијата на млад македонски полицаец со дете бегалец во рацете, фотографирана на јужниот граничен премин на земјата.

Напливот на деца кои умираат и страдаат ја засили дебатата во Европа за тоа како да се одговори се полошата мигрантска криза. Во Турција, телата на две момчиња на три и петгодишна возраст беа исфрлени на брегот откако пренатоварениот брод со бегалци потона на патот кон Грција.

Во меѓувреме во Македонија беше фотографиран полицаец со дете бегалец во рацете кое плаче на граничниот премин во Грција, пишува весникот.

Македонски полицаец со дете бегалец на насловната на британски „Телеграф“
Македонски полицаец со дете бегалец на насловната на британски „Телеграф“

Фотографијата која осамна во британскиот весник го покажа вистинското хумано лице на Македонија.

Македонската полиција и припадниците на АРМ кои се ангажирани да го чуваат редот и да спречуваат масовни и неконтролирани преминувања на мигрантите кои во голем број надојдоа од територијата на Грција, од време на време ги спуштаат штитовите за да им помогнат на изнемоштените да добијат соодветна лекарска помош.

Припадниците на специјалните полициски сили и на армијата им помагаат на мигрантите.
Припадниците на специјалните полициски сили и на армијата им помагаат на мигрантите.

Припадниците на специјалните полициски сили и на армијата им поделуваат вода на мигрантите, а им помагаат и на мајките со деца и на бремените жени.

Фотографијата објавена во британскиот весник, не само што говори за големиот број деца мигранти кои патуваат низ Балканот, туку и ја отвара дебатата како и на кој начин треба да се постапува со нив.