Полицаец ја убил поранешната девојка со службениот пиштол

Полицаецот Д.С. (36) рано утрово околу 04.10 часот во Пожаревац, Србија ја убил својата поранешна девојка Јелена С. (29).

Несреќната девојка, како што пишува српски „Курир“ седела на совозачкото место во автомобилот „опел“ во кој што било и нејзиното ново момче, поради кого таа го напуштила Д.С.

Осомничениот полицаец е приведен, а било утврдено дека пукал од службениот пиштол.