Полицаец нападнал фудбалер

Вчера околу 11.00 часот во Скопје на стадионот во Нова Колонија, при одигрување на фудбалски натпревар помеѓу ФК„Колонија“ и ФК„Инџиково“, бил нарушен јавниот ред и мир со насилство и недостојно однесување од страна на Н.С.(23) од Скопје вработен во МВР на РМ, на тој начин што истиот влегол на фудбалскиот терен и физички нападнал еден од играчите, удирајќи го со тупаница, а потоа побегнал.

Известен е СВКПС и по целосно расчистување и документирање на настанот против сторителот ќе следи соодветен поднесок.