Полицаец нападнат во Маџари

Синоќа во 01:45 часот по полноќ, во населбата Маџари во Скопје на ул. „Благоја Стефковски“ е нападнат полициаец.

Имено, полициските службеници при обид да го легитимираат И.А.(41) од Скопје,тој го нападнал полицискиот службеник нанесувајќи му видливи повреди во пределот на лицето.

И.А. е приведен и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.