Македонија,Крими хроника

Полицаец повреден додека интервенирал во кафуле во Драчево

Полицаец повреден додека интервенирал во кафуле во Драчево

Полициски службеник е повреден синоќа кога интервенирал во угостителскиот објект „Скоч“ во Драчево каде имало нарушување на јавниот ред и мир.

Полицаецот е повреден во пределот на главата од страна на 25-годишниот Е.Т. од село Батинци. Напаѓачот и останатите учесници во тепачката се приведени во полициската станица во Драчево.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.