Полицаец продолжил важност на сообраќајна на починато лице

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против М.М.(49), полициски службеник во Кавадарци и М.М.(61), самостоен референт во Отсекот за управни работи-Кавадарци, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

-На 08.12.2013 годин при вршење на контрола во сообраќајот констатиран е прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кај патничко возило „сеат ибица“ и бидејќи во законскиот рок сопственикот на возилото не се јавил за изготвување на покана за наплата на глоба до Комисијата за прекршоци во Кавадарци е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка, информираат од МВР.

По ова, сопругата на сопственикот доставила извод на умрените односно укажала дека лицето против кого е поднесено барањето е починато и поднела претставка дека наведеното возило незаконски се регистрирало на починатото лице.

  1. По преземени мерки и извршени проверки е утврдено дека на 25.03.2013 година М.М.(49) и на 05.05.2014 година М.М.(61) извршиле продолжување на важноста на сообраќајната дозвола за наведеното возило иако знаеле дека лицето е починато.