Балкан

Полицаец пукаше во свои колеги во Истанбул

Полицаец пукаше во свои колеги во Истанбул

Полицаец вработен на Истанбулскиот трговски универзитет денеска отворил оган кон свои колеги, кои дошле со налог да го апсат, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Според информациите, се работи за човек од обезбедувањето на ректорот Назим Еркен.

Тој одбил мирно да се предаде и започнал да пука кон полицијата, со што на Универзитетот започнала престрелка.

Осомничениот се предал дури кога на местото пристигнале и членови на специјалните единици на полицијата.