Полицаец ранет при престрелка на граничен пункт меѓу Косово и Србија

При престрелка на граничниот пункт Медраре, меѓу Србија и Косово, денеска е ранет српски полицаец во пределот на главата, објави Блиц.

Како што пишуваат од српскиот медиум, истрелот дошол од косовската страна на границата.

Триесетгодишниот полицаец е ранет околу три часот изутринава.

Тој бил реанимиран во локалната болница, а потоа во тешка состојба со хеликоптер е префрлен во Берлград.

Се претпоставува дека напаѓачите биле дрвокрадци.