Полицаец се застрелал со службениот пиштол

Припадник на полициската управа во Крагуевац, Србија, чијшто идентитет засега е непознат, случајно се застрелал самиот при претрес во еден објект, пишува српски „Курир“.

Како што пишува весникот неофицијално, настанот се случил околу 10 часот.

Засега нема инфомации со какви повреди се здобил и во каква состојба полицаецот бил пренесен во Ургентниот центар на Клиничката болница во Крагуевац.

фото: Kurir.rs