Полицаец спречи обид за самоубиство во Ѓорче Петров

Скопјанката М.Д. (79) вчера била извлечена од водите на Вардар при обид за самоубиство.

Од МВР информираат дека жената била забележана од случаен минувач како влегува во Вардар во скопски Ѓорче Петров, по што била повикана полицијата.

На лице место излегле екипи, при што помошник командирот на полициската станица Ѓорче Петров влегол во реката и ја извлекол жената која чекала да биде повлечена од водата.

Истата веднаш била пренесена во Градската болница „8-ми Септември“.