Македонија,Крими хроника

Полицаец претепан на аеродромот „Александар Велики“

Полицаец претепан на аеродромот „Александар Велики“

Полицаец бил нападнат вчера на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Напаѓачите се браќата М.М.(23) и неговиот 15 годишен брат, од Скопје. Тие службеникот го удирале со тупаници и клоци во пределот на телото.

Од страна на полицијата на аеродромот, М.М. и  малолетникот биле приведени во полициската станица и во присуство на нивниот татко А.М.(51), бил извршен разговор со истите.

На полицаецот му била укажана лекарска помош од страна на медицински лица во ТАВ.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.