Полицаец убиен во центарот на Ливерпул

Еден полицаец е убиен на улица, а двајца се повредени во нападот што бил извршен во центарот на Ливерпул, соопшти полицијата на англиската област Мерсисајд.

Инцидентот се случил рано утринава,околу 04,00 часот по британско време, во близината на популарниот ноќен клуб „Алоха“ кој важи за омилено место на младите ливерпулчани.

Во соопштението се вели дека полицијата била известена за нападот, но при увидот било утврдено дека убиениот е младиот полицаец Нил Дојл (36). Тој и двајцата други полицајци не биле на должност и биле во цивилна облека.

Ранетите полицајци се префрлени во болница,со повреди на лицето. Според изјавата на лекарите, повредите не се опасни по нивните животи.

Засега не се знае мотивот за нападот, а полицијата трага по сторителот на убиството и по напаѓачите, верувајќи дека не станува збор за еден.

Се претпоставува дека тројцата биле во ноќниот клуб, но истрагата треба да утврди дали претходно имало каков било  контакт на сторителите на убиството со жртвата и со неговите другари.