Полицаец убил црнец во синагога

Полициски службеник уби 50-годишен маж во една од најголемите синагоги во Бруклин, откако заканувајќи се со нож барал да му биде донесена Библијата.

Калвин Питерс влегол во подрумот на синагогата, ја прекинал молитвата на верниците и побарал копија од Библијата. Набрзо потоа, излегол со нож и нападнал еден Израелец.

По пристигнувањето на полициска екипа, Питерс се заканувал со нож и ги предизвикувал полицајците да пукаат.

По неколку повици да го остави ножот, за момент мажот го оставил оружјето, но повторно го земал. Полицијата во тој момент отворила оган врз мажот. Тешко повредениот Питерс со лисици е пренесен во болница, каде починал по неколку часа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.