Полицаецот извршувал задача, а не го напуштил кордонот

Медиумите блиски до опозицијата и финансирани од СОРОС објавуваат невистини во врска со вечерашниот протест пред македонската Влада.

Една од најголемите лаги кои ги објавија вечерва е дека припадник на полицијата се приклонил кон партиските протести.

Реалноста за полицаецот за кого СДСМ и соросовите портали лажат дека им се приклучил е дека тој практично ја поминува безбедносната ограда за да испорача достава до надлежните за што бил и задолжен.

Веднаш потоа, истиот тој се враќа меѓу своите колеги.

Ова значи и дека Фејсбук статусот на опозицискиот лидер Зоран Заев е целосно манипулативен и порталите на СДСМ лажат дека полицаецот им се приклучил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.