Полицаецот кој го тепал братот на Вучиќ има дебело досие

Триесет и петгодишниот Предраг Мијатовиќ, попознат под прекарот Флека е полицаецот кој го претепа Андреј Вучиќ, братот на српскиот премиер и има дебело досие.

Тој на снимката што беше објавена во медиумите се гледа како трча до него и му го задава последниот удар по бубрезите.

Покрај Флека, кој потекнува од Врањска Бања, поради претепувањето на Андреј, суспендирани се и Раде Матиќ, Предраг Чирковиќ, Далибор Ѓорѓевиќ и Драган Савиќ, сите од Жандармеријата од Ниш.