Полицаецот кој пукаше во народот се соочува со казна затвор од три до десет години

Партискиот војник на СДСМ вработен во МВР, а кој се соочува со висока казна затвор поради тоа што извади пиштол и пукаше во плафонот по наредба на партиски челник во Собранието е Ацо Ангеловски кој беше вклучен во кампањата на потпретседателот на социјалдемократите Оливер Спасовски за изборите на 11-ти декември, пишува Инфомакс.

Ацо Ангеловски или „Аце полицаецот“, како што го нарече челникот на СДСМ Зоран Заев, во четврокот вечерта „откако добил наредба од Зоран Заев пукаше во плафонот во Собранието, а од рикошетот на куршумот е повредено едно помладо лице кое беше пренесено во Градската болница каде му беа санирани полесните повреди, пишува порталот Инфомакс.

фото
За среќа, оваа провокција заврши со полесни повреди, а можеше да има и жртви.

Според пишувањата на порталот, планот на Заев бил да има жртви, за да се предизвика поголема провокација и дестабилизација, со што тој и неговите сценаристи слично како во 2001-та, но и како во Украина ќе предизвикаа граѓанска војна.

Ацо Ангеловски е инаку официјално обезбедување на Оливер Спасовски, кое го наследи како технички министер за внатрешни работи согласно Пржинскиот договор. Вработен е во МВР, функционира како партиски војник на СДСМ, и очигледно нема допирна точка со законот кој треба да го спроведува, имајќи предвид дека чекал наредба и барал дозвола од неговиот партиски шеф да пука во народот, стои во текстот на порталот.

18197498_10211848099985161_722532675_n

Ангеловски е соочен со казна затвор во траење од три дo 10 години, поради нелегално држење и употреба на огнено оружје, пишува Инфомакс. Дополнително, се додава  и дека Ангеловски се соочува и со строги санцкии поради прекршување на правилникот за употреба на средства за присилба, имајќи во предвид дека против група на цивили кои немаат оружје не смее во ниту еден случај да се користи огнено оружје, дури ни како предупредување.

 

Во четвртокот вечерта домашните и странските медиуми ударно известуваа за настаните во македонското Собрание, кога граѓаните револтирано реагираа на неделовничкото поставување на Талат Џафери за спикер на парламентот, а медиумите пренесуваат и фотографии вооружени лица во Собранието.

Според тогаш непотврдени информации, во налетот на граѓаните во парламентот изразувајќи го својот револт кон пратениците на СДСМ, дел од обезбедувањето на социјалдемократите употребило и огнено оружје, пишувше НетПрес.

Извори од парламентот рекоа дека оружјето го потегнале членови од личното обезбедување на потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски или на неговиот партиски челник Зоран Заев. Ваквиот потег ги изиритирало граѓаните кои влегоа во Собранието по што следела физичка пресметка.

Порталот Журнал претходно повикувајќи се на очевидци објави дека обезбедувањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев извадило огнено оружје при немирите во Собранието кои следуваа денеска по изборот на Талат Џафери за собраниски спикер.

„Според информациите од терен, откако демонстрантите ја виделе ваквата ситуација, тргнале во пожестока пресметка и предизвикаа уште поголеми инциденти. По влегувањето на граѓаните во македонското собрание, доцна попладнево, дојде до физичка пресметка меѓу демонстрантите и пратеници на СДСМ“, објави Журнал.

Откако челникот на социјалдемократите, Зоран Заев, во настапот од петокот вечерта во емисијата „Топ-Тема“ на телевизијата Телма потврди дека двајца полицајци од обезбедувањето нанеговиот партиски потпретседател Оливер Спасовски, поранешен технички министер за внатрешни работи, биле тие што извадиле огнено оружје а едниот од нив и пукал по што од рикошет беше ранет еден граѓанин, се поставува прашање како одредени лица кои се ставиле во заштита на пратениците на СДСМ, според очевидци, воопшто можеле да внесат огнено оружје во Собранието.