Полицаецот Вилсон од Фергусон ја врати значката

Полицаецот Дарен Вилсон од Фергусон кој го уби тинејџерот Мајкал Браун, веќе никогаш нема да носи полициска значка.

-Реално гледано, Дарен веќе никогаш нема да биде полицаец, а тој многу добро го разбира тоа. Сега ќе мора да оди понатаму и тоа ќе биде лекција за него. Ќе мора да најде нова кариера за себе и за неговото семејство, изјавил адвокатото Џим Таву за канал КСДК.

Таву објаснува дека Вилсон најверојатно ќе го продолжи образованието и за тоа ќе ги искористи парите кои беа собрани во знак на поддршка за време на повеќе месечните протести во Фергусон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.