Полицајци искорнале 160 стебла марихуана во тетовско

Полицајци од Тетово искорнале 160 стебла марихуана во тетовско Фалише.

Стеблата биле со различна големина од 80 до 170 сантиметри и истите се испратени на вештачење.

Извршен е увид со учество на јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, се работи на расветлување на сите поединости околу тоа дали стеблата се самоникнати или некој ги посадил на таа површина.