Полицајци ќе се обучуаат како да препознаат фалсификувани медикаменти

Експерти од француската жандармерија, денеска почнаа обука на претставници од министерствата за внатрешни работи, здравство, правда и од Царинската управа на земјава, за борба против трговијата со фалсификувани медикаменти.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, истакна дека обуката ќе внесе нов квалитет во работењето на службите, посочувајќи дека се забележуваат се почести обиди за пренесување на фалсификувани медикаменти во земјава, најчесто од Косово.

„Во 2013 година запленети се 719 разни пакувања на лекови без бандероли од Косово, додека во 2012 запленети се 3.952 таблети спакувани на најразлични начини“ посочи Јанкулоска.

Целта на обуката која ќе трае три дена  е да се дадат што повеќе оперативни насоки на македонските институции во овој домен.