Полицајци криумчеле мигранти, поднесени кривични пријави

Педесетгодишниот Ф.Р.доби кривична бидејќи со нож му нанел исекотини на сограѓанин
Стружанец доби кривична за убиство во обид

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Г.В. викан “Вампир“ (1976) и Љ.Н. викан “Бели“ (1974)-вработен во МВР на РМ како полициски службеник, двајцата од Скопје, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-б став 2 вв став 1 од КЗ на Р.Македонија.

Имено, од страна на полициски службеници при Секторот за трговија со луѓе и илегална миграција, во координација со полициски службеници од граничната полиција, по претходно добиено оперативно сознание за можно илегално пренесување на група мигранти на подрачјето на Гевгелија, беа превземени мерки и активности за откривање, попречување и лишување од слобода на инволвираните лица.

Пријавените, по претходен договор со засега непознато лице, на подрачјето на с.Стојаково – Гевгелија, извршиле прифаќање и превоз на 12 лица – илегални мигранти, со намера да ги транспортираат до кумановскиот регион, со цел нивно понатамошно криумчарење кон Р.Србија и кон земјите на ЕУ.

За таа цел, најпрвин во доцните вечерни часови, се упатиле кон подрачјето на Гевгелија со теренско возило “Пинцгауер” (кое било нерегистрирано и на кое ставиле МКД полициска регистарска таблица со број 010-931), со намера да извршат прифаќање и превезување на 12-те илегални мигранти. Мигрантите кои претходно оствариле нелегален влез од соседна Р.Грција, чекале во близина на Стојаково, од каде околу 01,45 часот пријавените ги превзеле, по што со возилото и мигрантите се упатиле во правец на Гевгелија, од каде по автопатот продолжиле кон Удово.

Превземени се мерки за запирање на возилото и нивно фаќање, но при обид истите да бидат сопрени и фатени во близина на бензинската пумпа “Макпетрол“ кај Удово, пријавените ги забележале полициските службеници, ја игнорирале полициската сигнализација и веднаш се дале во бегство. На оддалеченост од околу 3 км. од с.Удово и осомничените и мигрантите го напуштиле возилото и избегале во непознат правец, по што отпочнала потрагата на теренот. Во близина на возилото набрзо биле пронајдени и фатени 12-те мигранти. Станува збор за 11 сириски и еден авганистански државјанин на возраст од 18 до 40 години. По преземени дополнителни оперативни мерки и активности, утвреден е идентитетот на сега веќе пријавените лица, по што истите биле пронајдени и веднаш биле приведени во ПС Кисела вода.

Инаку, откривањето на кривичните дела од илегалната миграција, во првото полугодие од годинава е во пораст за 20%, а според анализираните случаи нашата држава воглавно е транзит земја, каде поминуваат мигрантите. Нивната рута на движење е илегално преминување на грчко-македонската граница, а потоа во гевгелискиот регион со возила сторителите се упатуваат кон Скопје и Куманово, од каде илегално заминуваат преку српската граница кон западно-европските земји. Само во еден случај, криумчарена е албанска државјанка за да работи во угостителски објект во Тетово.