Полицајци им наплаќале на Сиријци за потврда за барање азил

256 мигранти во ЈЗУ добиле здравствена заштита
256 мигранти во ЈЗУ добиле здравствена заштита

Кривична пријава е поднесена против Т.Џ(41), вработен како полицаец поради дека ја злоупотребил службената должност и Д.Н.(37), исто така полицаец кој се терети за помагање во кривичното дело.

По преземените активности констатирано е дека на 01.јули годинава, по претходен договор со првопријавениот, второпријавениот обезбедил документи издадени од Грција на сиријски државјани кои влегле во Македонија и од истите побарал да платат по 15 евра по лице за да им посредува за издавање потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил.

По ова, второпријавениот документите издадени од Грција ги дал на првопријавениот со цел истиот да изготви потврди за лицата наведени во документите. Откако ќе ги изготвел потврдите, истиот требало да ги предаде на второпријавениот кој за возврат од сиријските државјани, ќе добиел по 15 евра од лице.

По преземени мерки од полицијата, пријавените биле спречени во натамошните активности и од првопријавениот, одземени се петнаесетте документи издадени од грчките власти за што е известен и консултиран Јавниот обвинител и врз основа на издадена наредба полицајците биле задржани во полициска станица во Гевгелија.

Одредена им е мерка домашен притвор во времетраење од  осум дена.