четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 40

Полицајци нападнати со секира додека приведувале затвореник

sekira

Поврзани вести

Полициски службеници вчера околу 09.30 часот во Скопје, биле физички нападнати при обид да го приведат А.А.(26), кој се бара за доиздржување казна затвор.

Најпрво А.А. пружил отпор по што притрчале и лицата, А.А. (24), Р.Б. (19) и еден шеснаесетгодишник. Притоа Р.Б. со секира ги нападнал полициските службеници со намера да ги спречи да го приведат А.А.

Од нападот повредени се двајца полициски службеници. Истите биле префрлени во ГОБ „Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Сите лица се совладани и приведении се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Најчитани вести