Свет

Полицајци пукале на свои колеги, шестмина загинати

Полицајци пукале на свои колеги, шестмина загинати

На југот на Авганистан шестмина полицајци загинале кога нивни колеги пукале врз нив утрово на контролен пункт во провинцијата Орузган, рече авганистански полициски претставник Мохамад Хашам.

Тројцата полицајци, кои биле вмешани во пукотниците, побегале од местото во возило носејќи оружје, додаде тој.

Авганистански чувар вчера во Кабул уби еден свој колега од Непал, а друг повреди кога пукаше на нив во база на ОН.