Полицајци со штитови и панцири пред општинската зграда во Струмица

Зголемено присуство на полициски екипи пред протестниот марш кој ВМРО-ДПМНЕ денес го организира во Струмица.

Со заштитна ограда е намален просторот пред општинската зграда, а засилен е бројот на полицајци кои со штитови, панцири и шлемови ја обезбедуваа зградата.

Граѓаните кои се таму со чудење се прашуваат зошто е потребно толкаво полициско обезбедување против народот кој денес е собран во Струмица на мирен марш.