Полицајци спречиле скопјанка да се убие

Скопјанка се обидела да се убие, но била спречена во намерата од полицијата, информираше МВР.

Немилиот настан се случил околу 13 часот во зграда во Скопје. Тогаш станарка се јавила во полиција да пријави оти сосетката Ф.П.(54) се заканила дека ќе се самоубие и се заклучила во станот.

Од страна на Противпожарна единица насилно била отворена врата и било утврдено дека Ф.П. испила неодредена количина на солна киселина, а била спречена од полициски службеници да го испие и преостанатиот дел.

Од страна на Итна медицинска помош жената е пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде и била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.