Полицајците повторно мета на активистите на СДСМ и СОРОС

Во судирот меѓу насилните демонстранти на СДСМ и СОРОС и припадниците на македонската полиција се повредени неколку полицајци.

Наоружани со шок бомби, солзавец и пиротехнички средства, хулиганите и деликвентите на СДСМ удрија по македонската полиција.

Опозицискиот лидер Зоран Заев повторно излажа, бидејќи тој самиот даде наредба за насилство врз полицијата, пишува Курир.

Откако протестот почна мирно, дојде до судир и буткање. Демонстрантите почнаа да фрлаат со јајца кон полицискиот кордон кои не дозволи да се приближат кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако денеска повика на ненасилство и мирен протест, Заев повторно излажа. Неговите хулигани и деликвенти брутално ги нападнаа силите на редот.

Информациите говорат дека поголеми количини на молотови коктели, солзавци и пендреци се забележани кај луѓето од СДСМ и СОРОС кои денес продолжуваат со протестите кои според реториката и очекувањата повторно ќе бидат насилни.

Многу од присутните пред Собранието се забележани со црни ранци. Во текот на вчерашниот ден имаше насилство од истите лица врз полицијата, брутално беше кршен инвентар и државен имот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.