Полицајците се удрени во глава со бекатон плочи

Директорката на клиниката за хируршки болести Св.Наум Охридски д-р. Јасмина Чабуковска, вечерва изјави дека повредените полицајци примени на Клиниката имаат симптоматологија која дополнително може да ја отежне клиничката сосотојба на пациентите од тие причини што е удар во глава со бекатонски плочи, истите ќе останат во болницата на понатамошно следење на состојбата.

-Пред 23 часот на Универзитетската клиника Свети Наум Охридски се примени вкупно осум пациенти на преглед. По направените клинички и лабараториски испитувања четворица пациенти се веќе хоспитализирани, еден на одделот на неурохирургија, другите се на одделот за интензивно лекување. Тројца се со повреди на главата, контузии, кои што се на опсервација, едниот пациент е со контузија на стомакот, на абдоменот, други двајца пациенти исто така имаат контузии на абдоменот, еден е со повреда на десното стапало и еден е со повреда на десната подлактица, рече Чабуковска во вестите на Сител.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.