Свет

Полицајците во САД ќе носат камери на телото

Полицајците во САД ќе носат камери на телото

Барак Обама побара од Конгресот на САД да одобри 263 милиони долари за набавување на 50 000 камери што полицајците би ги носеле на нивното тело.

Целта е со помош на овие камери да се добиваат дополнителни информации за акциите на полицајците. Со овие пари би се финансирало набавувањето на камерите во следните три години.

Обама го изнесе ова барање во Конгресот во екот на протестите во Фергусон, кои отпочнаа откако властите одлучија да не покренат обвиненија против полицаецот Дарен Вилсон кој го уби невооружениот тинејџер Мајкл Браун.

Обама исто така најави и формирање на специјален тим кој би се занимавал со унапредување на современите полициски служби со цел да се врати довербата во полицијата. На чело на овој тим ќе биде полицискиот комесар на Филаделфија Чарлс Ремзи и универзитетската професорка Џорџ Мејсон и поранешна помошничка на главниот обвинител на САД.