Балкан

ВИДЕО: Продолжува акцијата во Лазарат, полицијата апси наркодилери

ВИДЕО: Продолжува акцијата во Лазарат, полицијата апси наркодилери
Продолжува акцијата во Лазарат, полицијата апси наркодилери

Четиринаесет лица се уапсени досега во полициската акција за разбивање наркобанда во албанското село Лазарат.

Повеќе од десет веќе се сослушани во обвинителството во врска со престрелката во која загина еден полицаец, а двајца беа ранети.

policija-marihuana-lazarat1

Припадниците на специјалните сили за борба против дрога РЕНЕА и специјалните полициски сили и денеска ја продолжуваат акцијата против шверцерите и одгледувачите на дрога.

На терен се уште се силни полициски единици со блиндирани возила кои вршат претрес од куќа во куќа во потрага по оружје и лицата кои учествуваа во престрелката со полицијата.

policija-marihuana-lazarat2

Лазарат е познато како фабрика за марихуана каде главна земјоделска дејност на населението е одгледување марихуана. Во текот на минатогодишната операција на полицијата беа уништени 23 тони канабис и околу 81.300 стебла и расад од ова растение. При претресот беа пронајдени и четири лаборатории од кои две за преработка и пакуваање на билки и две за преработка на хашиш.

marihuana

policija-marihuana-lazarat3

ВИДЕО: Дојче Веле