Полиција интервенираше поради кавга на маж и папагал

Германската полиција морала да интервенира поради кавга меѓу еден маж и папагал, пренесува локалниот портал suedkurier.de.

Итниот повик до полицијата ги упатиле загрижените соседи коишто слушнале бука во соседниот стан во градот Лoерах, во југозападната германска покраина Баден-Витемберг.

„Иако навистина станувало збор за расправија, во овој случај станува збор за двајца невообичаени актери, момче и папагал“, соопшти полицијата.

Дваесет и двегодишниот маж изјави дека домашниот миленик на неговата девојка силно го изнервира, па се дерел на него.

„Причината била таа што папагалот најверојатно нон-стоп предизвикувала бука“, изјавил портпаролот на полицијата.

Соседите велат дека неспособен да зборува, папагалот на галамата на момчето оговарала со бука којашто наликувала на лаење на куче.

Освен неколку отпаднати пердуви, во инцидентот ниту момчето ниту папагалот не се повредени, додава полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.