Полиција со нов доказ за убиството на Јелена

Непознатиот биолошки примерок, земен од долната тренерка на Јелена (33) засега е клучен доказ за откривање на сторителот на ова мистериозно злостроство.

Оваа ДНК се разликува од сите претходно земени и споредени и не припаѓа на досега анализираните. Полицијата според неофицијалните сознанија наводно знае кој е убиецот, но чека додека не завршат некои анализи и не се соберат материјално докази, за да биде случајот доволно чист за на суд, пишуваат Вечерње новости.

Досегашната реконструкција на злосторството покажа дека пејачката најверојатно е убиена во каналот во кој водата била длабока околу еден метар. Се претпоставува дека таа се обидела да бега, прескокнувајќи го каналот, но убиецот ја стигнал. Ја удрил силно во глава, ја зашеметил и ја фатил за долниот дел од тренерката. Тогаш ја повлекол надаз во вода и продолжил да ја удира. Нејзиното осакатено тело е пронајдено утредента на 3 април.

-Освен ДНК од нејзините најблиски, пронајдена е и биолошка трага, која не припаѓа на никој од нив. Покрај тоа постои и одредена биолошка трага на патиката. но таа не може да се користа, зошто не може од неа да се извлече чист ДНК, наведува извор за „Новости“.

Тринеделната истрага и фаќањето на убиецот е отежнато бидејќи се уште не е најдено оружјето користено во злостроството. И во четвртокот полицијата го чешлаше каналот од двете страни за евентуално да пронајде некоја трага која можеби не ја виделе претходно. Од главните сведоци повторно се земени изјави, зошто некои од нив, според неофицијалните сознанија, „нешто се присетиле“.

Српскиот министер за внатрешни рабори Небојша Стефановиќ изјави претходно дека во текот на денот се стега обрачот околу убиецот на Јелена Марјановиќ и дека има целосна доверба во припадниците на полицијата кои го истражуваат убиството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.