Полиција: Шансите дека детето нападнато од алигатор преживеало се минимални

И понатаму тече потрагата за двегодишното дете што на плажата на хотелот од синџирот „Дизни“ во близина на Орландо на Флорида беше зграпчено од алигатор, но полицијата наведува дека се минимални шансите дека детето ќе биде најдено живо, укажуваат денес претставниците на локалните власти.

Веќе поминаа неколку часа и тажната реалност е дека детето најверојатно нема да го најдеме живо, изјави шерифот на округот Оринџ, Џери Демингс.

Инцидентот се случил синоќа за време на филмската ноќ на плажата на хотелот „Гранд Флоридијан“, пренесува Си Ен Ен.