Полицијата го прекина концертот на Васил Хаџиманов во Лесковец

Концертот што синоќа во Лесковец го држеа џезистите Марко Ѓорѓевиќ, Васил Хаџиманов и Бранко Тријиќ, е преконат од полиција поради бучава неколку минути по полноќ.

Концертот бил дел од „Друм дум фест“, поради кој што Марко Ѓорѓевиќ допатувал од Америка.

На изненадување на публиката, свирката е прекината со образложение дека станарите од околните згради се жалеле на бучава.

Спонзори на овој единствен фестивал на тапани се Градот Лековец, Министерството за култура на Србија , амбасадата на САД во Србија и компанијата „Актавис“.