Македонија

Полицијата доби пет скутери од Коце

Полицијата доби пет скутери од Коце

Градот Скопје денска донираше пет скурери на Министертсвото за внатрешни работи, во знак на досегашната добра соработка и  зголемување на безбедноста на граѓаните во метрополата.

Градоначалникот Коце Трајановски и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, најавија заеднички патроли на полицијата,  претсавници на месните заедници и општините, со цел обезбедување на јавниот ред и мир како и поголема безбедност во сообраќајот.

Ито така, на барање на граѓаните за повидливо и почесто присуство на полицијата, до крајот на месецот ќе почнат да функционираат мобили полициски станици. Дел од новите заеднички активности на МВР и претставници на локалната самоуправа ќе ги опфати и младите под ризик со цел спречување на асоцијални појави и девијантното однесување.

Трајановски истакна дека со скутерите ќе се зголеми мобилноста на полицијата особено во случаи при активностите на пајак службата  на  ЈП „Градски паркинг“.

„Донацијата е симболична потврда на досегашната координирана соработка во поглед на сето она што го работиме на подрачјето кое што заеднички го покриваме. Нашите приоритети во периодто што следува се однесуваат на јавниот ред , безбедниста и соостојбите во сообраќајот“, истакна Јанкуловска.

Според официјалните сатистички податоци за првото тромесечје, бројот на кривични дела се намалува, а причина за тоа според министерката е подобрената организациска поставеност на надлежните институции.

Donacija skuteri (1)