Полицијата ги апсела, а тие зборувале на телефон со Зоран Заев

Поледните разговори на еден од осомничените во случајот „Фабрика за афери на СДСМ“, во моментите кога настапила полицијата бил токму со Зоран Заев и технички назначениот министер Оливер Спасовски, дознава Press24 од извори во истрагата.

Според информациите до кои дошол порталот, при спроведувањето на претресите осомничените најпрвин биле многу самоуверени некриејќи дека имаат заштита, за малку потоа, кога полицијата почнала да ги одзема материјалите, да почнат да вртат по телефони.

Полицијата ги апсела, а тие разговарале на телефон со Заев и Спасовски

Од извори во истрагата Press24 дознава дека при направената проверка во телефонот на еден од нив, утврдено е дека направил повик кон број регистриран на Општина Струмица, на кој одговорил лично Зоран Заев. Набргу потоа стигнал и повратен повик од технички назначениот Министер Оливер Спасовски кој откако се слушнал со осомничените започнал да врти кај повеќе лица од МВР за да се информира што точно се случува.

Впрочем и Заев и Спасовски вчера потврдија дека се познаваат со осомничените во случајот „Фабриката за афери“ и не негираа дека соработувале со нив.

Го спомнуваат и едно од осомничените лица во овој случај со личните карти. Да дадам одговор и да нема дилеми, јас сум тој заедно со раководството на СДСМ, кој што повеќе од две години, ги повикува сите граѓани кои што поседуваат докази, за криминал, за корупција, за незаконско работење на оваа власт, да го достават тоа. Сум се среќавал со сите луѓе, и сега обвинувањето е зошто Заев со осомничено лице, се сликал, се среќавал или слично. Зошто Заев се сликал со осомничено лице, рече Заев вчера во интервју за Телма.

Истите извори за Пресс 24 велат дека паниката во СДСМ била толку голема што вечерта Оливер Спасовски бил испратен лично да провери што се одзела полицијата. Но случајот и доказите веќе биле во рацете на надлежниот Јавен обвинител, а Оливер Спасовски не добил пристап до материјалите. Како анегдота низ МВР се раскажува дека Спасовски во паника си го заборавил и палтото при неуспешниот обид да види што се паднало во раце на полицијата.

Токму Зоран Заев вчера бледо ја убедуваше јавноста дека Оливер Спасовски ја иницирал истрагата, за два часа подоцна сета одогворност да ја префрли на Јавното обвинителство. Впрочем и самото обвинителство денеска потврди дека професионално изведената акција била максимално конспиративна и знаеле само оние кои требало да ја реализираат.

Над 70.000 незаконски прислушувани афери најдени во фабриката за афери

Press24 вчера ексклузивно објави дека над 70.000 незаконски прислушувани материјали од македонски политичари биле пронајдени во компјутерот на прво осомничениотво „фабрика за афери“ Захир Бекири. Биле сместени во посебен фолдер со наслов „СДСМ – Заев“. Фолдерот бил креиран во септември годинава неколку месеци откако Заев со договорот од Пржино се обврза снимките да му ги предаде на Специјалнот обвинителство.

Денеска и Јавното обвинителство потврди дека во компјутерите на осомничените се пронајдени незаконските снимки. Обвинителот потврди и дека машините за печатење најдени во акцијата соодветствуваат со оние кои се гледаат на снимките кои ги објави Фокус.

Исто така, податоците кои се најдени во копмјутерите на осомниччените потврдуваат токму на тие компјутери се подготвувани фалсификуваните лични карти но и пасошите, афера која неделникот на СДСМ, Фокус ја објави минатата година и за кој нивниот новинар доби награда од Македонскиот институт за медиуми и Европската унија.

Фалсификаторите од СДСМ не само што изготвувале лични карти и пасоши, туку тие подготвувале и афери за опозицската партија.

Пронајдени се фалсификувани бугарски пасоши со имиња на високи функционери од власта меѓу кои и премиеропт Груевски и повеќе министри.

Пронајдени се и фалц обрсасци од сметки во швајцарски банки на кои требал ода се стават имиња на функционери од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и истите да се користат во предизборната кампања на СДСМ за да се обвини власта дека незкаонски извлекувала пари во Швајцарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.