Полицијата ги откри разбојниците кои запалија дуќан во Битола

П.Д. (29) и М.Б. (42) од Битола добија кривична пријава поради сомнение дека предизвикале општа опасност.

Тие пред три дена се упатиле на ул.„Петар Петровиќ Његош“, каде што прво со бекатон плочка го скршиле стаклото од излогот на продавница за чевли, а потоа  второпријавениот низ направениот отвор во внатрешноста фрлил стаклено шише со бензин и со запалено крпче во отворот при што предизвикале пожар во продавницата. Од пожарот биле оштетени повеќе рафтови, стотина пара чевли, чанти, три клима уреди, надзорни камери , фискална каса како и други предмети, предизвикувајќи значителна опасност за животот и телото на луѓето, додека пак на оштетениот му причиниле поголема материјална штета која била пријавена од околу 1.500.000 денари.

Двајцата пријавени го сториле дејството по претходен договор со засега непонато лице, кој за таа цел им ветил и непосредно после настанот им исплатил паричен надомест од 300 евра, кој го поделиле меѓусебно. На тој начин третопријавениот ги поттикнал прво и второ пријавените да ги сторат погоренаведените кривични дела.

П.Д.(29), М.Б.(42) од порано се познати сторители на кривични дела од областа на имотните деликти, недозволена трговија со дрога, измами и слични дела.