Полицијата ги расчистува барикадите во Хонг Конг

Полицијата во Хонг Конг втор ден по ред ги расчистува барикадите од зоните на продемократските протести кои веќе речиси три недели го блокираат сообраќајот во центарот на градот, објави МИА.

Десетина полицајци користеле електрични тестери и клешти за сечење, за да ти тргнат барикадите од бамбус и други материјали кои демонтрантите ги поставиле преку ноќ.

Вчера се јавиле и граѓаните кои барале барикадите да бидат тргнати, а сообраќајот нормализиран. Утринава, пред зори, полицијата ги тргнала барикадите од уште една протестна зона во Хонг Конг.

Владата навела дека наредила да се отстранат барикадите „за да се осигура јавната безбедност и ред“.