Полицијата го опколи косовското „Самоопределување“

Припадници на косовската полиција ги опколија просториите на движењето „Самоопределување“ во Приштина во акција на апсење на генералниот секретар на истото, Дардан Моличај.

Портпаролот на „Самоопределување“, Ерзен Враничи потврдил дека полицијата го опколила седиштето на партијата во Приштина.

„Тие сакаат да го уапсат Дардан, шефот на изборниот штаб поради учество во акциите на движењето“, рекол Враничи.

Агенцијата „Косовапрес“ ја пренесува изјавата на портпаролот на Регионалната полиција во Приштина Агрон Боровичи, кој вели дека полицијата не отишла да го уапси Моличај, туку само да го предаде налогот за апсење за кривично дело од 2012-та година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.