Македонија,Крими хроника

Полицијата го утврди идентитетот на девојката која синоќа беше прегазена од автомобил

Полицијата го утврди идентитетот на девојката која синоќа беше прегазена од автомобил

Полицијата го утврди идентитетот на младата девојка која синоќа беше прегазена од автомобил на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Починатата девојка е дваесет и петгодишната Оливера П. од Радовиш. Несреќата се случи околу 21 часот на раскрсницата во Партизанска и булеварот Октомвриска револуција кога автомобил „мерцедес“ удрил во радовишанката која во тој момент минувала на пешачки премин.

Поради тешки повреди Оливера П. почина на самото место на несреќата.