четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 53

Полицијата каменувана од мигрантите, ниту збор од Спасовски за инцидентот

Македонската полиција била каменувана од мигрантите, а од новиот технички назначен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и воопшто од МВР, засега нема никакви информации за инцидентот.

granica.jpg-500

Поврзани вести

Македонската полиција била каменувана од мигрантите, а од новиот технички назначен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и воопшто од МВР, засега нема никакви информации за инцидентот.

Како што објави Канал 5, стотици Мароканци, Алжирци и Пакистанци синоќа се обиделе да ја минат границата меѓу Македонија и Грција кинејќи дел од бодликавата ограда и барајќи да им биде дозволено да го продолжат патот кон северот на Европа.

Околу илјада и петстотини мигранти се заглавени во близина на градот Идомени откако Европа реши да ги филтрира мигрантите, дозволувајќи влез само на оние што бегаат од со војна зафатените Сирија, Авганистан и Ирак.

Некои од нив фрлале камења врз полицијата. Неколкумина успеале да влезат на македонска територија но набрзо биле фатени од полицијата.

Засега од новиот технички назначен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и воопшто од МВР нема никакви официјални информации за инцидентот на граничниот премин.

Најчитани вести