Полицијата ќе дели едукативни флаери на „Табановце“

На граничниот премин Табановце  во рамки на превентивната сообраќајно-едукативна акција „Летна кампања 2015 година“ денеска министерот за внатрешни работи Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски и претседателот на  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски ќе им поделат флаери на возачите кои транзитираат или престојуваат во Македонија.

Од денеска на сите граничните премини во државата полициските службеници од граничната полиција ќе делат флаери на англиски јазик со едукативна содржина, со кои им се посакува добредојде на странските гости и им се укажува да возат безбедно и да ги почитуваат правилата и прописите.

Флаерите содржат и препораки и  совети да се внимава на летните горештини и да прават почести одмори при патувањето.