Полицијата во Ѓорче Петров ќе се престројува

По немилиот настан кој се случи пред десетина дена во скопската населба Ѓорче Петров, во кој беше убиен матурантот Ангел Петковски, што предизвика револт и протест на граѓаните од оваа скопска населба, премиерот Никола Груевски денеска во изјава за медиумите најави дека полицијата интензивно ќе работи на терен.

Тој рече дека е запознает со ситуацијата која се случува во Ѓорче Петров и дека веќе одржал средба со надлежните во Министерството за внатрешни работи.

„Запознаен сум со состојбата, веќе разговарав со надлежните во МВР и уште веднаш ќе почне да се делува на терен и полицијата да ги решава случаите“, рече Груевски.