Полицијата на БиХ и Хрватска разби наркомрежа – меѓу уапсените и полицајци

Полициите на БиХ и на Хрватска разбија наркомрежа и уапсија 23 осомничени, од кои четворица полицајци, кои го „снабдувале“ со наркотици реонот на Дубровник пред почетокот на летната сезона, објави МИА.

– Ја набљудуваме оваа група во последните шест месеци заедно со хрватската полиција и уапсивме 23 лица во Босна, изјави Гојко Васиќ од босанската полиција.

Четворица уапсени полицајци се поврзани со криминалната група, која се занимавала со шверц на дрога и оружје, додаде тој.

Апсењата беа извршени вчера во реонот на Требиње и Бања Лука. Од хрватска страна во Дубровник се уапсени шест лица.