Полицијата на нозе, исчезна две годишно девојче во кичевско

кичево

Малото девојче заедно со вујкото (32) и шест годишната сестра се шетале околу 13:45 часот по локалниот пат од селото Кленоец кон Извор. На местото викано Јарбол  вујкото забележал дека девојчето го нема.

Двајцата се вратиле и во куќата во Кленоец каде живееле, но две годишното девојче не го нашле ниту таму. Вујкото потоа ги известил сестра си и зетот и случајот го пријавил во полицијата.

-Се бара девојче на возраст од 2 години кое е од с.Кленоец (Кичево) по име Наде. Има долга плава косичка и последно на себе носи бели чевли, шаренa блузичка и детско ранче (розево), е дел од информација која се споделува на социјалните мрежи.

Доколку имате било каква информација или сте виделе дете на таа возраст ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ да ни оставите порака.

По две годишното девојче и денес интензивно трагаат и го пребаруваат теренот голем број на полициски службеници.