вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 10

Полицијата на силa расели мигрантски камп во центарот на Париз

Вооружените француски полицајци денес насилно го раселија мигрантскиот камп во центарот на Париз.

kamp-pariz-1

Последни вести

Вооружените француски полицајци денес насилно го раселија мигрантскиот камп во центарот на Париз, што предизвика шок и побуна кај Авганистанците, Сиријците и Еритрејците во овој прифатен центар, пренесува „Танјуг“ повикувајќи се на британски медиуми.

Во никој случај не го очекувавме ова. Прво ни обезбедија шатори, па ни донесоа храна преку викендот, а сега не бркаат, вели 26-годишниот државјанин на Судан, Тегани Угомаи.

Локалните власти изјавуваат дека над 2.000 мигранти плански се распоредени во 60 центри за привремено сместување во сите делови на Франција.

paris-shanty-town

Најголемиот број мигранти во овој камп се доселиле по најавата на градоначалничката на градот Ан Идалго дека ова лето во Париз ќе се гради првиот меѓународен камп за бегалци, пишува „Ивнинг Стар“.

Во меѓувреме мигрантите, меѓу кои има и голем број што претходно престојувале во кампот-џунгла кај Кале, се преселиле во овој камп што се наоѓа во Еолските Градини, односно парк што е создаден во близина на железничка пруга. Кампот е во близина на Гар ду Норд, од каде тргнува возот Евростар за Лондон.

Во кампот криумчарите нуделе патување до Лондон со воз или авион за износ од 2.000 британски фунти, а во цената бил вклучен и привремен пасош.

Најчитани вести