Полицијата најде нов сведок за убиството на Јелена

Лаза Поповиќ, пензионер од Црвенка кобната сабота кога исчезна монструозно убиената пејачка Јелена Марјановиќ Крсмановиќ, околу 15.50 часот видел жена, маж и дете како заедно трчаат на насипот.

Поповиќ не тврди дека тоа се семејството Марјановиќ, но, ако се земат во предвид местото и времето и тоа дека семејството на Јелена тврди дека на насипот отишла заедно со сопругот Зоран и ќерката Јана се заклучува дека тие се единствената двојка со детето што попладнето биле на насипот, пишува „Телеграф.рс“.

Исто така, за разлика од Зоран Марјановиќ, сопругот на Јелена, што цело време тврди дека таа сама трчала, а тој со нејзината ќерка одел полека зад неа, Поповиќ вели дека сите тројца трчале заедно и истакнува дека жената во ниту еден миг не била сама.

Поповиќ напоменува дека на саипот немало никого освен човекот со стапот и малите деца што играле натпревар, а родителите ги набљудувале од трибините.

Жена, маж и дете помеѓу нив, во спортска опрема, трчале на насипот кон рампата во Црвенка. Го поминаа местото на злосторството, вели Поповиќ.

Тој наведува дека на насипот бил до 17 часот и дека се било мирно:

Никаква гужва, трка и паника немаше. Дури утредента видов дека има многу полиција, а од соседите дознав што всушност се случило, вели тој.