Полицијата откри 12 мигранти Во Струмица

Шест мигранти се откриени вчера утро во Струмица. Полицијата извести дека мигрантите биле превезувани со возило „форд мондео“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (35) од Скопје.

Исто така во Струмица на излезот кон Радовиш во возило „бмв 525“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А. (28) од село Арачиново, се пронајдени исто така шест мигранти. Полицијата извести дека двете возила се одземени, а мигрантите се предадени на граничните власти за понатамошна постапка.