Полицијата откри 16 мигранти кај Удово

Полицијата вчера откри 16 мигранти при рутинска контрола во близина на село Удово.

Имено, полицајците се обиделе да сопрат патничко возило „рено лагуна“, управувано од Б.А. (35) од Скопје, но истиот не застанал, само ја зголемил брзината и го продолжил движењето кон Демир Капија.

По ова, во близина на местото викано „Арсови лаки“ возачот го сопрел возилото и се дал во бегство по што бил приведен.

Од извршен преглед на возилото пронајдени 16 се мигранти од кои 11 од Авганистан, четири од Пакистан и еден од Иран.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.