Полицијата откри десет илегални мигранти од Сирија

Полицијата вчера вечер откри осум илегални мигранти од Сирија во близина на село Градец.

Имено, полицијата на клучката кај село Смоквица забележала лице како во возило марка „бмв“ со скопски таблички товари мигранти. Потоа тој се упатил кон село Удово.

При даден знак од полицијата возилото да застане, истото со зголемена брзина се упатило кон Демир Капија. Поради оштетување на гума, возилото застанало во близина на с.Градец, по што сите лица се дале во бегство. По извршеното пребарување на теренот биле пронајдени осум илегални мигранти од Сирија, кои биле приведени.

По извршениот разговор мигрантите откриле дека од нив се одвоиле татко и неговата седумгодишна ќерка. Полицијата започнала со акција за пронаоѓање на таткото и девојчето, по што истите биле пронајдени.

Во текот на денот сите пронајдени мигранти ќе бидат сместени во Прифатниот Центар за странци во Скопје.