Полицијата откри див мобилен оператор во Гостивар

Македонската полиција открила див мобилен оператор во стан во Гостивар, дознава Press24.

Според неофицијалните инромации, откриена била опрема со која се пренасочувал телефонскиот сообраќај од странство кон земји во регионот, најверојатно во најголем дел кон Србија. За случајот макеоднската полиција ги информирала колегите од Србија кои откриле стан во Белград во кој имало и диви базни станици преку кои се преземал сообраќајот и се пренасочувал кон мрежите на домашните мобилни оператори.

Во дивиот „оператор“ во Гостивар се пронајдени компјутери и сим боксови со околу 40.000 сим картички од Србија и други земји од соседството. Се претпоставува дека целта била да се обезбеди финансиски профит преку склучување договори со странски телекомуникациски компании по цени пониски од оние кои ги нудат легалните оператори. Нелегалниот „оператор“ го трансферирал мобилниот сообраќај во интерент сообраќај а потоа преку базните станици во Белград повторно го претворал во мобилна врска со што практично без трошоци успевал да обезбеди интерконекција, услуга за која домашните телекомуникациски компании наплаќаат по одредени тарифи.

Во станот во Гостива се затекнати повеќе лица кои се повикани на информативен разговор а дополнително ќе с еутврдува кривична одговорност.

Се работи за уникатен случај на кој заеднички ќе постапуваат макеоднската и полициите од регионот